Вести
Хуманитарен хепенинг под маски во ОУ „Единство“
Дворот на гостиварското училиште „Единство“ денес се претвори во весело, шарено место со многу насмеани и задоволни детски лица. Училиштето заедно со Клубот на млади на Црвениот Крст организираше хуманитарен настан на кој основците продаваа свои изработки, колачи, украси, а воедно се забавуваа маскирани во своите омилени ликови од приказните и цртаните филмови.
„Би сакала да изразам огромно задоволство за големиот одзив и за изработеното што е резултат на трудот на дечињата, наставниците и родителите. Нашето училиште и понатаму со задоволство ќе продолжи да организира настани кои ја поттикнуваат хуманоста и креативноста кај децата“, изјави Јасмина Василеска, пом.директор на ОУ„Единство“ во Гостивар.
Активноста се спроведе како дел од Програмата за промоција на хумани вредности на Црвениот Крст од Гостивар. „Ова е еден од проектите од ПХВ програмата, а иницијативата ја покренаа група средношколци од медицинското училиште. Собраните пари ќе се донираат на социјално загрозени семејства и Дневниот центар за деца со посебни потреби“, рече Бурхан Клинче, претседател на Клуб на млади на Црвен Крст
На вредните и хумани дечиња и волонтери им се придружија и децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби во Гостивар во знак на одбележувањето на Светскиот ден на аутизмот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград