Вести
Хуманитарен концерт во Тетово за гостиварецот Ивица

Утревечер во Тетово ќе се одржи хуманитарен концерт преку кој ќе се собираат финансиски средства за лекување на гостиварецот Ивица Срезоски.
Дваесетина пејачи, пејачки и групи од македонската фолк естрада ќе бидат дел од музичкиот настан наменет за помош на нашиот сограѓанин. Меѓу нив се Милица Кузмановска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Благоја Груески, групата Фаворити, Ристо Елинидис, Славко Зафироски.
Концертот ќе се одржи во тетовскиот ресторан Арена, почетокот е закажан за во 20 часот, а билетите чинат 200 денари.
Ивица треба да замине на медицински третман со матични клетки во Кина следниот месец, но се уште ги нема собрано парите потребни за лекувањето кое му е неопходно да може да застане на нозе и да се движи нормално.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!