Поврзи се со нас

Гостивар

Хуманитарен турнир во мал фудбал во Гостивар за помош на Ивица Срезоски

Објавено

на

    Во спортската сала “Младост” во Гостивар на 6 октомври 2024 година,  ќе се одржи хуманитарен турнир во мал фудбал. Целта на настанот е собирање средства за помош на Ивица Срезоски, сограѓанин кој боледува од спиноцеребрална атаксија и потребни му се 20.000 евра за посебен медицински третман со роботика во соседна Србија.

    Турнирот ќе започне во 12 часот напладне, а организаторите очекуваат учество на осум екипи. Котизацијата за учество на екипа изнесува 3.500 денари, а пријавувањето е во тек. Заинтересираните може да се пријават на телефонскиот број 078-925-895.

    “Ова е можност нашата заедница да се обедини и да помогне на Ивица кому се потребни средства за лекување. Ги повикуваме сите љубители на малиот фудбал и хуманите граѓани да се придружат на овој хуманитарен турнир. Овој настан е уште еден пример за силниот дух на солидарност во Гостивар. “, велат организаторите.

    За посетителите е предвидена симболична влезница од 50 денари, но се поттикнуваат и дополнителни доброволни донации.

    Организаторите се надеваат дека ќе успеат да соберат значителна сума финансиски средства за да му помогнат на Ивица Срезоски во неговата борба.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена