Гостивар
Хуманитарните активности во Гостивар продолжуваат, Црвен Крст подели над 1.200 пакети со храна и средства за хигиена

Хуманитарните организации на гостиварска територија периодов кога владее вонредна состојба поради коронавирусот, секојдневно се активни на терен. Општинската организација на Црвениот Крст изминативе две недели достави над 1.200 пакети со храна и средства за хигиена на социјално загрозени семејства во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше. Пактетите се обезбедени како донации од локалните компании и граѓани поединци. Црвениот Крст има и мобилни тимови за достава на лекови и неопходни продукти на старите и болни лица.
„На терен имаме два мобилни тима, кои до домовите им ги носат потребните лекови, храна и друго на стари, изнемоштени и болни лица. Тимовите ќе бидат активни и за време на полициски час и во викендот додека трае карантинот“, рече Мерита Алили, секретар на Црвениот Крст.
Од почетокот на кризата во Гостивар беше формирано посебен Совет, кој ги координира активностите на хуманитарните организации и донаторите.
Од координативниот Совет нагласуваат дека е особено важно, доставувањето на хуманитарните пакети да се одвива на безбеден начин, за да се намали ризик од ширење на вирусот.
„Организациите кои делуваат на ова поле мора да ја сфатат важноста за почитување на стандардите при доставување на хуманитарна помош. Недозволиво е никој тоа да го прави своеглаво, неопходно е целиот процес да се одвива под услови кои се безбедни и за тие што ги носат и за семејствата кои ги примаат пакетите“, рече Љулзим Хазири, претседател на Советот.
Следната недела Координативниот совет ќе одржи состанок со организациите на кој ќе ги потсети на правилата и мерките кои треба да ги почитуваат при работа на терен.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград