Гостивар
Хуманитарно здружение „д-р Трајче Нешковски“ ја збогати училницата за деца со попреченост во ООУ „Гоце Делчев“ со донација на играчки
Хуманитарното здружение на граѓани „д-р Трајче Нешковски“ од Гостивар, денеска реализираше уште една значајна донација на играчки наменети за училницата во ООУ “Гоце Делчев“, специјално креирана за ученици со попреченост.
Од здружението истакна дека овој потег е дел од нивната посветеност да помагаат таму каде што е најпотребно. Идејата зад оваа донација е да се обезбеди поддршка за развивање на фината моторика и други способности кај децата со попреченост преку креативна игра.
„Со оваа донација која ја реализираме под мотото „Дарувај, дете израдувај“, помагнавме во уредувањето на училница во ООУ “Гоце Делчев“ во Гостивар, која е наменета за деца со попреченост. Нашата цел е да креираме средина која ќе ги стимулира дечињата да се развиваат и растат. Се надеваме дека нашите можности и во иднина ќе ни дозволуваат да помагаме секаде каде што има потреба, како и да ја поттикнеме свеста и интересот кај останатите здруженија, компании и граѓани да даваат свој придонес во градењето на инклузивно и еднакво општество за сите“, изјави Петко Јовицоски, претседател на здружението.
Оваа акција не е единствената од ваков тип која ја реализира хуманитарното здружение, неодамна учествуваа во целосно опремување на училница за деца со попреченост во ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди