Занимливости
Хутуван – најзеленото село на светот

Некогаш најбогато рибарско село на кинескиот остров Шенгси, денес веројатно е најзеленото село на светот.
Селото Хутуван, кое изгледа како да одлучило да ги предаде своите куќи и полиња на природата, е оддалечено на околу 70 километри од Шангај.
Жителите го напуштиле ова место во раните 90-ти години кога заливот стана премал за да ги задоволи потребите на растечката риболовна индустрија. За да им го олеснат животот, со желба за подобра поврзаност со поблиски училишта, универзитети и болници, жителите се преселиле на копно.
Само неколку жители во Хутуван останале во своите домови, гледајќи како соседните куќи се повеќе ги покриваат лисјата и тревата. Сепак, во 2002 година, одлучиле да заминат и последните староседелци. Застанати во времето, делумно опремените куќи сè уште ги чуваат работите на сопствениците, како да ги чекаат да се вратат.
Пред пет години, кога фотографиите од „селото на духови“ го обиколија светот, Хутуван стана многу популарен, но не беше подготвен за многуте туристи кои сакаа да го видат зелениот феномен во живо. Властите побараа трпеливост и по две години, Хутуван се подготви за посетителите кои пред пандемијата, можеа и да преспијат таму, да шетаат по домовите или да ја истражуваат околината – сите на своја одговорност.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар