Здравје и убавина
И дождот има свои добри страни

На сите им е познато чувството кога врне и единствена желба е да се покријат со ќебето и да спијат. А за тоа има и логично објаснување.
Поетски опишано, може да се каже дека дождот свири лесна приспивна песна која го смирува вашиот ум и го опушта телото.
Иако дождливото време може да биде депресивно за другите луѓе, луѓето кои патат од депресија и анксиозност сведочат дека дождливото време им одговара бидејќи не стигнуваат до точка да доживеат „напад“ на депресија и анксиозност.
Истото е и со луѓето кои се импулсивни и нервозни. Таквите луѓе често спомнуваат дека го сакаат дождот, а причината е што дождот ги смирува и опушта. Ако размислите малку подобро, навистина има смисла.
Сончевото и убаво време ве принудува да преземете акција, да пешачите или трчате во природа, да вежбате на отворено и сите други видови продуктивност.
Од друга страна, дождот има предвидлива шема, така што звукот на дождот однадвор предизвикува нашиот мозок да го перцепира како смирувачки и безопасен шум. Затоа има толку многу видеа и аудио снимки за релаксација и медитација кои го содржат звукот на дождот.
Додека врне луѓето немаат желба да излегуваат, но затоа во затворен простор го прават она што најмногу им се допаѓа. Звукот на дождот е смирувачки, па затоа е полесно да се чита книга, да се учи или да се опуштите во топла бања.
Покрај тоа, самиот мирис на дожд повеќето луѓе го поврзуваат со позитивни мисли и спомени од минатото. Овој интензивен и суптилен мирис што го тонизира воздухот ве враќа во времето кога сте биле на топло и безбедни.
Затоа, со звукот на следниот дожд обидете се да се опуштите што е можно повеќе, заборавете на депресивното време и уживајте.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 7 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава