Македонија
И годинава ќе има ваучери за одмор за вработени со ниски примања

Со ребалансот на буџетот предвидени се 15 милиони денари за доделување ваучери за вработени со ниски примања за одмор во домашните туристички капацитети, информира денеска од Охрид министерот за економија Крешник Бектеши.
Пред средбата со стопанственици и трговци од охридско-струшкиот регион, одговарајќи на новинарски прашања посочи дека тоа е една од владините мерки за поддршка на домашниот туризам, неизоставајќи ги ниту мерките на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за привлекување странски гости.
– Тоа е е една од мерките, кои се реализираат од страна на Владата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски примања, а во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има и многу мерки за поттикнување на странски туристи. Во туризмот има и други мерки во делот на подобрување на инфрастрултурата, услугите што ги дааат хотлеиерите и угостителите, со цел подобра понудата во Охрид и Струга не само за домашните, туку и за странските туристи, изјави Бектеши.
Бројот на доделени ваучери, нагласи, зависи од апликациите, односно колку члено семејство аплицира.
– Во зависност од апикациите генерално секоја година имаме од 1.500 до 2.000 ваучери. Во зависност од членовите семејството, зависи и висината на ваучерот, претходните години беше до 220 евра, појасни Бектеши.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022