Македонија
И годинава субвенции за „Купи куќа, купи стан“

Министерството за финансии информира дека ќе објави нов повик за Проектот „Купи куќа, купи стан“ на кој заинтересираните граѓанит ќе може да аплицираат за субвенциониран кредит за обезбедување свој нов дом. Информацијата за спроведување на проектот и негово продолжување во 2022 година со предлог да се објави нов повик беше усвоена на седница на Владата.
Граѓаните ќе може да аплицираат за една од двете варијанти за субвенции на рата или за субвенционирање на учеството за купување стан или изградба на куќа во деловните банки кои се дел од Проектот „Купи куќа, купи стан“ откако ќе се објави јавниот повик.
Досега се одобрени вкупно 2010 барања за субвенциониран стабен кредит, а одобрените кредитите се во вкупен износ од над 73 милиони евра, за кои одобрените субвенции се во износ од 18,3 милиони евра.
Граѓаните од двата понудени модела го користеле повеќе моделот субвенција на рата за кој се одобрени 1486, додека за субвенција на учеството 524 барања. Според намената граѓаните повеќе го искористиле за купување стан, односно од вкупно одобрените барања 1676 се за купување нов стан, додека 334 се за изградба, купување, доградба или надградба на куќа.
Согласно усвоената информација на Владата, јавниот повик кој ќе биде објавен за 2022 година, ќе биде воедно и последниот објавен повик во рамки на Проектот „Купи куќа, купи стан“.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022