Гостивар
„И јас и ти, сите сме пешаци“ – кампања во Гостивар

На градскиот плоштад во Гостивар денес се спроведе активност во рамки на превентивната кампања „И јас и ти, сите сме пешаци. Безбедноста на прво место“, чии носители се Републичкиот совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата, МВР и Факултетот за безбедност. На граѓаните пешаци и на возачите им беа поделени информативно-едукативни материјали, а беа претставени и целите на кампањата и очекуваните ефекти. Од настанот беше упатен апел за подигање на свеста за подобрување на сообраќајната култура на сите учесници во сообраќајот, а посебно на пешаците, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
„Минатата 2021 година е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првите четири месеци во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на значително намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Продолжуваме со вакви превентивни акции, но и со санкционирање на оние прекршители кои не ги почитуваат правилата и прописите“, изјави Тони Анѓеловски, портпаролот на МВР.
Претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска потсети дека периодов спроведуваат и кампања насочена кон матурантите.
„Денес на граѓаните од Гостивар им делеми рекламен едукативен материјал за зголемување на безбедноста во сообраќајот, а имаме и кампања за матурантите и затоа сакам да апелирам: Почитувајте ги правилата, матурската вечер е ваша најважна вечер, затоа не управувајте возило, не конзумирајте алкохол и бидете одговорни учесници во сообраќајот.“, изјави Кожуваровска.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 3 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 2 месеци
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение