Рецепти
И личен и вкусен – Солен ролат со афион
Овој ролат е одличен избор, доколку ви доаѓаат гости, или пак едноставно сакате да приредите убаво и вкусно мезе за семејството.
Состојки:
за кора:
8 белки од јајца
5 лажици брашно
2 лажици афионово семе
сол
½ прашок за пециво
за фил:
200 гр. крем сирење
150 гр. шунка или друга салама
неколку кисели краставички
подготовка:
Белките убаво изматете ги во снег, па додадете ја солта и постепено додавајте ги брашното, афионот и пецивото, при тоа мешајќи внимателно. Плехот од рерната прекријте го со хартија за печење и распоредете ја смесата за кората. Треба да се пече во загреана рерна на 200 степени, десетина минути.
Печеното тесто ставете го врз навлажнета кујнска крпа и завиткајте го во ролат. Така да стои додека не се излади.
Измешајте ги крем сирењето и ситно сецканите краставички. Кога ќе биде изладена кората, одвиткајте ја и рамномерно нанесете го филот, па наредете ги парчињата шунка. Потоа повторно завиткајте во ролат и ставете го во фрижидер да се стегне.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди