Гостивар
И по лизгави коловози се вози пребрзо, во Гостивар над 20 казнети денес

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (4 ноември) од 8 до 14 часот спровеле засилена акциска контрола на брзината со која се движат возилата, а во која биле откриени и санкционирани вкупно 37 возачи (Тетово-23 и Гостивар-14) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место. Четиринаест од нив ја пречекориле брзината за 50 до 70 километри на час. Покрај ова, во рамките на денешната акциска контрола, биле санкционирани и 32 возачи (Тетово-24 и Гостивар-8), кои возеле побрзо од дозволената брзина во населено место, најмногу за 30 до 50 километри на час.
„На сите прекршители изготвени им соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со законски предвидените парични глоби, кои се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност. На оние кои пречекориле повеќе, времено ќе им бидат одземени нивните возачки дозволи од три месеци до една година.“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и непотребно да не брзаат. Ова, посебно кога се коловозите влажни и лизгави, но и воопшто. Поради можност од појава на одрони од камења им се советува и максимална внимателност на оние кои патуваат по долината на Радика и кон Стража.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар