Поврзи се со нас

Гостивар

“И таа е тука!” – Истражувачка новинарска сторија на Рурална Коалиција

Да се подобри квалитетот на живот на жените од руралните средини, со обезбедување на социјална и здравствена заштита на жените од руралните средини, како и пристап до здравствени и социјални услуги потребни за нејзиното непречено делување во локалната заедница е една од препораките кои што самите жени ја истакнаа во рамките на проектот “Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница”, кој што Рурална Коалиција го спроведува во партнерство со здружението на жени фармери “Моја Φарма” од Гостивар.

Објавено

на

15 – октомври e Меѓународен ден на руралната жена. Оваа 2020 година се одбележува под мотото “Да се изгради отпор и надминување на кризата предизвикана од Ковид 19”, а во насока на градење на одржливи локални заедници.

Жените од руралните средини имаат клучна улога во земјоделско- прехранбениот сектор, исхраната, земјиштето, управувањето со природните ресурси, како и во развојот и диверзификацијата на производството во заедниците. Жените од руралните средини беа на првата линија во давањето на одговор на кризата и последиците предизвикани од Ковид 19 и покрај тоа што најголемиот дел од нивната работа е неплатена, односно жените во руралните средини, во просек работат околу 11 часа на ден, од кои 42% е неплатена работа, додека мажите работат 9,7 часа на ден платена работа.

Во текот на Ковид кризата, рестриктивните мерки и ограниченото движење жените од руралните средини беа едни од најранливите категории на граѓани, особено во делот на социјалната и здравствена заштита со оглед на тоа што најголем дел од нив влегуваат во делот на неформалната економија, односно само 38% се економски активни и регистрирани во системот на државата.

„Освен прашањето за здравствената и социјална заштита на жената од руралните средини, поради неевидентирање на економската активност на жената во семејното земјоделско стопанство, таа нема платен стаж и можност за користење на пензија кога ќе бидат исполнети условите за тоа. 60% од жените во истражувањето немаат сопствено здравствено и пензиско осигурување иако активно придонесуваат во работата и економските приходи во домаќинството“, вели Лилјана Jоноски, извршна директорка на Рурална Коалиција.

Дополнително, нивната економска ранливост како и родовиот јаз особено беа продлабочени како резултат на кризата, а психолошкиот притисок и обемот на обврските во домаќинството зголемен. Тука се наметнува дополнително и прашањето колку жената е вклучена во процесот на донесување на одлуки, како во домаќинството така и во заедницата.

Да се подобри квалитетот на живот на жените од руралните средини, со обезбедување на социјална и здравствена заштита на жените од руралните средини, како и пристап до здравствени и социјални услуги потребни за нејзиното непречено делување во локалната заедница е една од препораките кои што самите жени ја истакнаа во рамките на проектот “Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница”, кој што Рурална Коалиција го спроведува во партнерство со здружението на жени фармери “Моја Φарма” од Гостивар.

Со цел да се увидат потребите, но и предизвиците со кои што се справуваат жените во руралните средини особено во унапредувањето на нивната положба во руралните средини и економско зајакнување како дел од клучните фактори за создавање на одржливи рурални заедници, Рурална Коалиција создаде истражувачка новинарска сторија – “И таа е тука!”  каде што самите жени од руралните средини говорат за нивните животни приказни, а се промовира токму денес на одбележувањето на Меѓународниот ден на жените од руралните средини – 15 октомври.

Проектот Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница е финансиран како под-грант во рамките на проектот „Градење на капацитетите на МРР и нејзините членки” спроведуван од Мрежата за Рурален Развоj, а финансиран од We Effect и Шведската агенција за меѓународна соработка за развој (СИДА).

(комерцијална објава)

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена