Поврзи се со нас

Гостивар

И тоалетот има свој ден

Објавено

на

Може да се качите или да се симнете од автобус, да одите на работа или да не одите, да посетите лекар или да ја избегнете ординацијата – се тоа се прашања по избор. Но, има едно место каде што дури и „царот оди пеш“. Тоа е тоалет.

Во чест на оваа просторија, установен е Светски ден на тоалетот и се славеше вчера.

Додека некои градови, како што е шпанскиот Ел Вандрел, поставуваат јавни тоалети за кучиња, многумина сеуште кубурат со јавните тоалети. Состојбата не е многу подобра ниту во нашиот град. Во Гостивар има еден до два јавни тоалети и претежно се руинирани и out of service. Затоа, ако некој е принуден да го стори тоа, самиот нека му ја мисли каде да се олесни. За машки – женски тоалети, воопшто и да не започнуваме. Заклучок, во Гостивар нема јавни тоалети, а нема ни мобилни тоалети. Ако згусне, снаоѓајте се кој како знае..

Олеснителна околност, ние не сме сами по ова прашање. Според Обединетите нации за 2016 година, околу 2,4 милијарди луѓе ширум светот немаат пристап до тоалети.

Инаку, првите вц школки биле користени во Кина. Археолозите во близина на Шангај, откриле школка со наслон стара повеќе од 2.000 години. Ве-це даска пронајдена е и во стар Египет. Техниката први ја имаат развиено римјаните, поставувајќи заеднички тоалети над поток. Во феудална Европа, богатите имале тоалети на високо, на врвовите во кулите, а во тоа време започнал да се користи и славниот нокшир. Првиот тоалет со вода е изграден специјално за Елизабета Прва. Дизајниран од Сер Џон Харингтон.

19 ноември, Светски ден на тоалетот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена