Македонија
ИАБ Македонија: Компаниите повеќе да го насочат маркетингот кон интернет медиумите
Огласувачите мора поагилно да ги насочат своите буџети кон интернет медиумите со што ќе го следат зголемениот обем на внимание и конзумација кој овој вид на медиуми го има кај македонската публика. Ова беше генералниот заклучок на панел-дискусијата „Перспективи во развојот на дигиталниот пазар во Македонија”, што се одржа во Скопје во организација на ИАБ, асоцијацијата која ги обединува најголемите интернет портали, маркетинг агенции и огласувачи во земјава.
На настанот присуствуваа преку 50-тина претставници на компании, медиуми и агенции, кои споделија мислења и предлози на повеќе точки меѓу кои: соодносот на буџетите за огласување во телевизиите наспроти интернет порталите, развојот на дигиталниот пазар низ годините, можностите кои се отвораат со Google AdSense, справувањето со лажните вести, процесот за саморегулација и регистар на портали, односот институции-интернет медиуми и сл.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар