Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Идеални намирници кога ве мачи „вечерна глад“

Објавено

на

    Вечерната глад е чест проблем за сите оние кои внимаваат на својата фигура. Многумина веруваат дека јадењето доцна во ноќта може да и наштети на вашата фигура или здравје, но не секоја храна го прави тоа. Постојат намирници кои можете безбедно да ги консумирате пред спиење, без да ги загрозите вашите цели за одржување на здрава телесна тежина.

    Ви продолжение пет намирници кои можете да ги јадете навечер, а кои нема да ви го оптоварат варењето или да додадат дополнителни калории.

    Риба

    Рибата е одличен избор за вечерен оброк, особено ако е подготвена на здрав начин, како на пример печење во рерна или на пареа. Богата е со протеини кои ќе ви помогнат да останете сити без да чувствувате тежина во стомакот. Се препорачува порцијата да не надминува 100 грама.

    Мисиркино и пилешко месо

    Како и рибата, пилешкото или мисиркиното месо се одлични извори на протеини и не се тешки за варење. Варено или печено месо пред спиење ќе ви даде чувство на ситост без прекумерни калории. Порцијата треба да биде слична на онаа на рибата – околу 100 грама.

    Млеко

    Млекото е уште една одлична опција за доцниот оброк. Не само што го задоволува гладот, туку помага и за подобар сон. Ова се должи на присуството на триптофан, амино киселина која го стимулира производството на серотонин, хормон кој го регулира сонот. Млекото содржи и калциум, кој помага да се релаксираат мускулите и нервниот систем.

    Тофу

    Тофуто е лесен, но хранлив производ богат со растителни протеини. Често се користи во диетална исхрана бидејќи помага во сузбивање на гладот ​​и истовремено не го оптоварува организмот со тешки масти или шеќери. Можете да го користите како лесна вечера или како додаток во салата.

    Свежо сирење

    Свежото сирење е еден од најпопуларните диететски производи. Ако го конзумирате навечер, ќе ви помогне да се чувствувате сити, а во исто време нема да внесувате вишок калории. Најдобро е да се јаде без додаден шеќер или масни адитиви како павлака.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена