Рецепти
Идеја за ручек: Пица лазањи
Малку поразлични лазањи од класичните што ги јадеме сите, но подеднакво вкусни.
Состојки:
- 500 гр тестенини, листови за лазања
- 100 мл масло
- 2 лажици брашно
- 500 мл млеко
- сол и бибер
- 400 мл доматен сос
- 200 гр кечап
- зачини за пица, мешавина од зачини или само оригано
- 400 гр шунка или слично исечени на парчиња
- 300 гр пица кашкавал
- 200 гр свежи печурки и
- по волја некоја маслинка
Подготовка:
Бешамел сос: Загрејте го маслото, потоа додадете го брашното и пржете додека не пожолти. Истурете млеко, додадете сол и бибер и мешајте додека не се згусне. Густината треба да биде како јогурт, или нијанса поретко. Во случај да не е, само додадете малку вода.
Вклучете ја рерната на 200 степени. Измешајте доматен сос и кечап и додадете ја мешавината зачини за пица. Ставете малку бешамел сос на дното на тавата и ставете го тестото. Намачкајте ја смесата од домати врз тестото за лазањи, наредете ред шунка, изрендајте малку кашкавал и печурки. Посипете со малку мешавина од зачини и истурете малку бешамел сос на се. Редете додека не се потрошат сите состојки.
За крај, треба да имате тестенини одозгора, малку од сосот и малку кашкавал. Премачкајте, посипете со кашкавал и исечете неколку маслинки по желба. Посипете со зачини.
Покријте со алуминиумска фолија и печете еден час. По еден час, отстранете ја фолијата и печете уште малку. Оставете ја печената пица лазања да отстои некое време и да се излади.
Пријатно.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар