Поврзи се со нас

Вести

Играат по првпат „Ривер Плата-Бока Јуниорс“ во финалето на Копа Либертадорес

Објавено

на

Долгоочекуваното финалето на Копа Либертадорес е пред самата завршница. Најпопуларните аргентински клубови Бока Јуниорс и Ривер Плата прв пат во историјата се среќаваат во финалето на ова најелитно клубско натпревараување во Јужна Америка. Правилата налагаат финалето да се игра два натпревари, каде не важи правилото гол на гости. На првиот натпревар кој се одигра пред две недели на Бомбониера резултатот беше 2:2. Реваншот на Монументал се игра во сабота од 21 часот по европско време.

Бока Јуниорс титулата ја има освоено шест пати, градските ривали три пати до сега.

Бока и Ривер се двата најголеми аргентиски клубови и слободно може да се каже дека Буенос Аирес, а и цела Аргентина се поделени на Ривер и Бока. Доволно ќе биде да се погледнат нивните градски четврти каде им се сместени стадиониоте и ќе ви стане јасно зошто е тоа толку големо ривалство и зошто е овој натпревар посебен.

Легендарната Бомбониера е во Бока, четврт на работници кои работат на пристаништето, малку е да се каже дека тоа е само обична работничка четврт..

Додека Монументал, стадионот на Ривер сместен е во Њунеза, богатиот дел на Буенос Аиерс каде живее највисокиот слој на средната класа. Четврт каде куќите и зградите ги чува приватно обезбедување, а на повеќето покриви од зградите има базени.

Не е тоа правило или ограничување, но вооглавно Бока ја следат повеќето сиромашни, а Ривер богатите баш и поради тоа ги нарекуваат Los Millonarios (милионери). Дефинитивно не е правило кој за кого да навива, дека мора да си богат за Ривер или сиромашен за Бока , но класните разлики помеѓи навивачките групи и денес се јасно видливи.

Со оглед на огромната нетрпеливост помеѓу овие два клуба, пред почетокот на финалните натпревари направен е договор натпреварите да се играат без гостински навивачи, поради безбедносни причини. Но, земајќи го предвид огромниот влог, двете градски ривалски екипи играат во финалето на најквалитетното континентално натпреварување, ривалството кое трае од самото формирање на клубовите, грозницата која го тресе Буенос Аирес не можеше да помина без инциденти. Работите отидоа до таму што ривалските навивачи ги палеа куќите едни на други. Пред почетокот на финалните пресметки жителите на Буенос Аирес побараа од градските власти целата работна недела пред натпреварите, сите да бидат ослободени од обврски од најмлади до најстари.

Вториот натпревар се игра утре и двете екипи почнуваат од нула, бидејќи како наведовме не важи правилото гол на гости. Ривер Плата на Бомбониера одигра фантастичен натпревар, може да се рече дека се благи фаворити во оваа пресметка, тоа го знаат и навивачите на Бока Јуниорс кои со цел да ги мотивираат фудбалерите, го фасцинираа светот давајќи им поддршка на нивните миленици на последниот тренинг на кој присуствуваа повеќе 50.000 навивачи.

На првиот натпревар од финалето, одредени радио станици во Аргенитина имаа наредба целиот пренос од натпреварот да го пренесуваат со умерен и благ тон, т.е да го прилагодат за љубителите на фудбалот со послабо срце, поради опасноста од срцеви удари. Како ќе биде утре останува да дознаеме. Ривер Плата – Бока Јуниорс.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 1 час

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 2 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 3 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 4 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 5 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 18 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 1 ден

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена