Поврзи се со нас

Деца Родители

Играта е многу важен фактор за развојот на детската личност

Објавено

на

Во периодот од 3 од 7 години главна активност кај децата е играта, така што и работата кај децата има карактер на игра. Поради ова, почетокот на развојот на самостојноста кај децата е преку играта. Во играта детето е слободно и е препуштено самото на себе. Во неа, детето има најголеми можности да ја развие својата умешност, знаење, искуство, своето „јас“, да ја изрази својата самостојност и да ја развие. Играта е еден вид на школо каде што детето зајакнува и ја развива својата сила, ги оформува цртите на својот карактер, ја формира својата личност и учи да биде самостојно. Поради сето ова, на детето во домот треба да му се обезбеди место каде што ќе може слободно да игра, да му се дадат играчки, да му се дозволи да игра со други деца. Но, и во играта родителот треба да пружи одредена помош, да му даде упатство, а во некоја игра треба да земе и лично учество. Учествувајќи во играта родителот треба да го поттикне детето да ја постигне својата цел, да ја постигне својата самоиницијативност.

За правилно насочување на детето преку играта, многу е важен изборот на играчки. Детето не треба да има ни премногу играчки бидејќи вниманието ќе му оди од една на друга играчка, но детето не смее да остане ниту без играчки. Ако детето нема играчки или материјал за играње, играта на детето ќе му биде досадна, еднолична, а тоа ќе го оневозможи развојот на неговата фантазија и неговите мисли. Куклите, количињата, мечињата, коцките како и некои конструктивни играчки: пластелин, лепак, картон за сечење, ткаенина, сето тоа треба да биде присутно во детското катче. Во тоа детско катче на детето треба да му дозволиме да се чувствува слободно, независно, самостојно и никому да не му смета. Кога ќе му биде овозможено сето ова на детето, родителот му пружи можност тоа да направи правилен самостоен избор во играта. Ќе знае да го постави проблемот и да го најде решението, ќе се развие самостојно мислење кај детето, а сето тоа е важно за развојот на детската самостојност.

Еве еден пример како играта позитивно влијае во развојот на детската самостојност:

Никола има четири години , на подарок добил вовче со шини. Најпрвин научил самиот да ги мести ликомотивите. Потоа требал да научи да ги мести шините, но тоа не му одело лесно бидејќи шините требале да добијат таков облик да може возот да оди по нив, после неколку обиди побарал помош од неговиот татко којшто му покажал како треба да ги спои шините, таткото се повлекол за да може Никола самиот да продолжи тоа што го започнал, но повторно не му одело лесно и плачејќи повторно го викнал татко му.

Овој пат на барањето на детето таткото да му ја намести целата пруга,таткото одбил и му рекол „Ти можеш сам, ајде да видиме каде е грешката“. На овој начин таткото го охрабрил детето, ја нашле грешката и детето самото ја поправило грешката и ја наместило шината. Подоцна детето покрај пругата направило од коцки станица ставило кукличиња коишто му претставувале патници. Едноставно детето самото ја развивало играта со помош на својата фантазија.

Од овде може да се заклучи дека родителите можат низ играта да ја поттикнат фантазијата кај децата, да им помогнат во играта да ја постигнат целта, да ги охрабрат да истраат во извршување на донесените одлуки, да ги поттикнат самостојно да бараат средства и начини во играта и да ја разбудат самостојноста и во вербата во сопствената сила.

пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство,  

Центар за социјална работа – Гостивар

                                                                                                  

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 1 секунда

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 13 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 20 часа

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 21 час

Изгорени над 400 хектари шума во НП Шар Планина за еден месец

Гостиварпред 22 часа

Дете нападнато од соученици, случајот пријавен во ОВР Гостивар

Здравје и убавинапред 22 часа

Совети за брзо закрепнување ако имате болки во грбот

Македонијапред 23 часа

МОН ги известило училиштата да ги одработат 24 април и 8 мај во саботи

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена