Поврзи се со нас

Гостивар

Игуменот на Бигорски, отец Партениј во Гостивар по повод Собор на сите Светии

Објавено

на

    Во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар во чест на денешниот празник Собор на сите Светии, утрово имаше евхаристиски собор. На покана на Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф во Гостивар беше Игуменот на Бигорскиот манастир, отец Партениј.

    Митрополит г. Јосиф, посебно ти благодарам што благоизволи на овој ден, кога ги славиме сите Светии, да ме поканиш во овој прекрасен храм посветен на Пресветата Владичица наша Богородица и во овој за мене возљубен град Гостивар, кој секогаш ме потсеќа на моите први монашки денови. Впрочем, Гостивар е град многу близок на Бигорски и на гостиварчани Манастирот отсекогаш им бил при срце. Ете зошто мојата благодарност е толку голема што денес се наоѓам овде, меѓу овие прекрасни луѓе. Да проговориме сега и за денешниот голем празник, за споменот на сите Светии, кој причинува слатка радост во душите на верните. За него може да се каже дека тој претставува обилна духовна жетва на сè она што се случило во Домостројот Божји за спасение на човештвото: доаѓањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос помеѓу нас луѓето, Неговото распнување, Неговото Воскресение и Вознесение, а најпосле и испраќањето на Светиот и Божествен Дух од Отецот преку Синот, Кој ги научил апостолите на мудроста одозгора и ги направил храбри проповедници.“, рече Игуменот на Бигорски манастир отец Партениј.

    Владиката г. Јосиф во обраќањето искажа благодарност и широко добредојде за гостите од Бигорски.

    „ Ваше Преосвештенство, ви благодарам што денеска сте овде во Гостивар, во градот на гостопримството, каде, како што самиот рековте, прекрасно се чувствувате и имате убави спомени одовде. Гостивар токму тоа и значи: град на гостопримливи луѓе, на домаќини. Затоа, секогаш, кога и да посакате, сте добредојдени овде. Паметам, кога живеев во Бигорскиот Манастир, честопати заедно доаѓавме овде. Тогаш гостољубиво нè пречекуваше намесникот на овој храм, отец Боге – Бог да го прости и да му даде Царство небесно.“, рече Митрополитот.

    Отец Партениј на Владиката му подари пастирска патерица, со желба и молитви да продолжи да ги води верниците со многу љубов и смирение.

    Празникот Собор на сите Светии се празнува во неделата по Духовден и црквата го востановила за заедничко сеќавање и празнување на сите светци. Се празнува за да им се оддаде почит на оние светци чии имиња не се познати како поради нивната бројност, така и поради тоа што нивниот култ во одредени краишта не заживеал.

    фото: Бигорски манастир

    Сподели на:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement

    Отворени работни места во Полог:

    Advertisement
    Advertisement
    Занимливостипред 6 часа

    Научници чипираат лилјаци во Виена

    Вестипред 7 часа

    Поради пожар затворен граничниот премин „Богородица“

    Македонијапред 9 часа

    Да се почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, апелира МЗ

    Македонијапред 9 часа

    Пратениците на одмор, локалните избори ќе се распишат на 6 август

    Гостиварпред 10 часа

    Ризик од пожари, СВР Тетово апелира до граѓаните да бидат внимателни и одговорни

    Гостиварпред 11 часа

    Нови 37 коронавирус позитивни во земјава, смртни случаи нема

    Гостиварпред 12 часа

    Гостиварка пријавила дека поранешниот вереник ја нападнал во локал

    Гостиварпред 12 часа

    Молитва за татковината во Бигорскиот Манастир

    Македонијапред 13 часа

    Рипнаа цените на бензините

    Спортпред 13 часа

    Започнува У18 ФИБА турнирот во Скопје – гостиварецот Тома Стојаноски помеѓу 12-те репрезентативци

    Гостиварпред 14 часа

    Гостивар за една недела има 33 новодијагностицирани со коронавирус

    Вестипред 15 часа

    Законот за стечајци стапи на сила, рокот за пријавување е 30 дена

    Македонијапред 16 часа

    Пожарите локализирани, но и натаму активни, се ангажира војската и хеликоптери за гасење

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Нова „неделна акција со супер ниски цени“ во МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ

    Македонијапред 2 дена

    Се празнува Илинден, значаен датум од историјата на Македонија

    Гостиварпред 7 дена

    Пронајден човечки труп на патот Маврови Анови-Дебар

    Гостиварпред 2 недели

    Mаж физички нападнал вработена во Службата за брза помош во Гостивар

    Македонијапред 7 дена

    МВР отвори оглас за 39 вработувања

    Гостиварпред 1 недела

    Предлог на Таравари, угостителските објекти во Гостивар да работат плус два часа

    Еден ден со..пред 2 недели

    ЕДЕН ДЕН СО : Трајче Богданоски, професор по физичко и кондиционен тренер

    Гостиварпред 1 недела

    Хрватица физички нападнала полицаец во Гостивар

    Гостиварпред 2 недели

    Гостиварската полиција одзеде 5 патнички моторни возила заради бучавост

    Гостиварпред 1 недела

    Гостиварка простирајќи алишта изгубила контрола и паднала од балкон

    Гостиварпред 1 недела

    Саботна контрола во Гостивар: „Летаат“ возачи – „летаат“ казни

    Македонијапред 2 недели

    Запленета марихуана вредна околу 150.000 евра, приведени пет лица

    Еден ден со..пред 4 дена

    ЕДЕН ДЕН СО: Шпреса Усеини, директорка на ООУ „Исмаил Ќемали“ Гостивар

    Спортпред 2 месеци

    ФОТО ВЕСТ: Македонија тргна за Букурешт на EURO 2020

    Гостиварпред 2 месеци

    Етно вешта жена во гостиварско Зубовце – старински специјалитети, чист воздух и дружење

    Гостиварпред 2 месеци

    Повторно протест во Гостивар: Хартиените учебници да останат основно средство за учење!

    Гостиварпред 3 месеци

    Протест во Гостивар: „Нема да дозволиме експерименти врз нашите деца“

    Гостиварпред 3 месеци

    Паркот во Гостивар ќе добие нов лик и социјално инклузивен дел (фото)

    Гостиварпред 6 месеци

    На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

    Гостиварпред 7 месеци

    Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

    Спортпред 10 месеци

    На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

    Спортпред 11 месеци

    На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

    Гостиварпред 11 месеци

    ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

    Спортпред 12 месеци

    Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

    Гостиарскипред 1 година

    ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

    ФОТО ВЕСТпред 1 година

    Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

    Популарно изминативе 100 дена

    error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!