Поврзи се со нас

Гостивар

Во месецот на ИХТИОЗАТА, Јосиф порачува: Ретката болест, не значи животот да го поминеш во мрак!

Објавено

на

Мај е месец посветен на подигнување на јавната свест за ретката болест ИХТИОЗА, која претставува ретко генетско заболување, кое се карактеризира со изразено сува кожа, распоредена со лушпи со различна структура.

Дваесет и деветгодишниот Јосиф Мишевски од гостиварско Тумчевиште е момче кое храбро се носи со предизвиците од ихтиозата и го крева својот глас во насока на освестување на јавноста за ретките болести. По повод месецот на ихтиоза, Јосиф испараќа емотивна и силна порака:

„Да говориме ГЛАСНО, гласот да пристигне до вистинското место. Да не се плашиме, да не се срамиме од нашата состојба, да немаме срам од својата кожа, која има поинаква структура и боја. Да не се срамиме од себеси. Биди ТИ, биди СВОЈ,тој кој ќе го истурка тешкиот камен до врвот.  Не плаши се да бидеш поинаков. Ако имаш ретка болест не значи дека животот треба да го поминеш во мрак, криење и срам. Да ги совладаме предизвиците кои животот секојдневно ни ги дава. Да се бориме за местото кое го заслужуваме во општеството. Да кажеме – СТОП на предрасудите и дискриминацијата, бидејќи во текот на денот сите не грее исто сонце. Сите живееме под исто небо. Да бидеме инспирација за другите, да оставиме трага.“, вели Јосиф.

Тој, во мај лани промовираше краток филм за својот живот исполнет со предизвици, начините на кои се справува со секојдневието, поддршката која ја добива од блиските луѓе, визијата за свет без предрасуди и стереотипи.

„Време е да ја покажеме својата реткост! Ретка болест, болест која напаѓа еден на 2000 луѓе, а вие не сакате да ја видите таа реалност, не не` гледате нас. Денес постојат повеќе од 6000 ретки болести, толку многу различни, но сепак секој од нас е уникатна личност и ВИЕ ако се обидетеможете да не видите. Ретки сме, но видливи!

Затоа, да се потсетиме и посветиме внимание на оваа ретка болест, да се информираме,  да зборуваме за нештата кои сакаме да ги промениме, како и за оние кои сакаме  да ни се случат во иднина. Да ги совладаме предизвиците, стигнувајќи до врвот. Време е да направиме промени.Да не се откажуваме, да продолжиме да чекориме напред. Со ВАША ПОМОШ можеме да ја подигнеме свеста и да ја зголемиме поддршката за оние кои се соочуваат со предизвици. И да не заборавиме, заедно сме посилни. “, нагласува Мишевски.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Македонијапред 11 часа

Македонија во спомен на 59-те жртви во пожарот, собир и на плоштадот во Гостивар

Македонијапред 13 часа

Контрола на кабареа, ноќни и диско клубови-Донесени забрани за работа

Македонијапред 13 часа

Извршени претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани

Македонијапред 16 часа

Погребот на загинатите во пожарот во Кочани ќе биде во четврток

Македонијапред 17 часа

Тошковски разреши началници и командири во Штип и Кочани

Македонијапред 19 часа

Во храмовите на МПЦ-ОА утре и во петок заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените

Македонијапред 20 часа

Да не се шпекулира со бројот на загинати во пожарот во Кочани, апелира Владата

Македонијапред 22 часа

Притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот во Кочани

Македонијапред 22 часа

Поради трагедијата во Кочани ден на жалост и во Србија, Бугарија, БиХ, Црна Гора

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена