Гостивар
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022

Овогодинешното издание на традиционалната Галичка свадба ќе се одржи на 15, 16 и 17 јули, а за зет и невеста се избрани Илчо Димитров и Елена Дуровска.
„Интересот за учество на Галичка свадба меѓу младите е сè поголем и оваа година Советот на Месната заедница Галичник имаше неблагодарна задача и голем предизвик да избере двојка од вкупно пет официјално пријавени двојки. Во рамки на првата селекција отпаднаа две од двојките поради тоа што не ги исполнуваа пропишаните критериуми, и останаа три кои ги исполнуваа во целост. На состанок на Советот на МЗГ одржан на 25 март, се донесе одлука дека единствено фер е избор на двојка по нивна среќа. Ги поканивме двојките, им ја објаснивме одлуката – сите другарски ја поддржаа. Невестите влечеа жреб на кој “плусот” го извлече Елена (после долго време човек да се израдува на “позитивен” резултат).“, соопшти Месната заедница.
На свечената венчавка во рамки на Галичка свадба 2022, во црквата Свети Апостоли Петар и Павле ќе се венчава уште еден пар: Марко Бекриќ и Искра Блажевска, а Месната заедница ќе се заложи Владимир Черепналковски и Марија Крстевска да се венчаат на Голема Богородица на 28 август.
Галичката свадба е надалеку позната културно-туристичка манифестација, која ја проследуваат голем број посетители од земјава и странство. Тие имаат можност да ги видат традиционалните обичаи кои почнуваат со пукање три пушки од балконот на куќата на зетот, веење на свадбарскиот бајрак, продолжуваат со играње на свекрвино и невестинско оро, опфаќаат традиции како канење на починатите, канење на кумот, бричење на зетот, гледање низ прстен, земање на невестата и други.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 3 месеци
КОНКУРС за поезија од млади автори од Гостивар