Поврзи се со нас

Македонија

Илјадници граѓани порачаа „Правда за Фросина“ на масовниот протест за правда и безбедност во Скопје

Објавено

на

    Фото: Радио МОФ

    Илјадници граѓани пред сè млади луѓе и студенти, синоќа во Скопје се собраа на мирен протест изразувајќи ја својата поддршка за Фросина Кулакова и сите жртви од сообраќајни незгоди. Извикувајќи во еден глас граѓаните, меѓу другото, побараа „правда за Фросина“, „правда за жртвите“, „оставка“ и „затвор за Васил“.

    Протестот започна на булеварот „Партизански одреди“, на местото каде што беше прегазена Фросина кај Универзална Сала, продолжи преку Собранието и Јавното обвинителство, до Кривичниот суд. На секоја точка, граѓаните оддава почит на Фросина со триминутно молчење.

    Низ толпата можеа да се забележат најразлични транспаренти како „Безбедноста е право, не привилегија“, „Нема веќе неказнивост“, „Прошка нема, правда мора да има, доста е“,„Не умираме од несреќа, умираме од корупција“, и „Нема правда, нема мир“, преку кои граѓаните изразија, револт и надеж за промени.

    Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, кој заедно со семејството беше присутен на протестот, на крајот се заблагодари на поддршката порачувајќи дека да не биле граѓаните, случајот со Фросина досега ќе бил затворен.

    • Сакам да ми верувате дека да не беше притисокот од јавноста, случајот Фросина веќе ќе беше ставен во фиока, рече тој.

    На протестот под мотото „Кој е следен?”, граѓаните порачаа „Вратете ѝ го боите на Фросина“ за 22-годишната модна дизајнерка од Неготино која беше прегазена на пешачки премин од страна на дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин.

    На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

    Ова е втор протест откако граѓаните во Скопје одржаа мирен собир и во петокот, кога запалија свеќи и положија цвеќе пред фотографијата на Фросина поставена на местото каде што таа беше прегазена. Преку написите како „Врските не враќаат човечки живот“ и „Не е несреќа, туку убиство“ тие и тогаш маршираа до Собранието и Кривичниот суд и побараа одговорност од институциите за Фросина и за сите жртви во сообраќајни незгоди.

    Мирен собир деновиве се одржа и во Неготино, родниот град на Фросина, како и во Кавадарци.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 35 минути

    Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници

    Гостиварпред 2 часа

    Гостиварско Здуње доби реконструиран главен пат

    Гостиварпред 4 часа

    11 специјализанти почнаа со работа во болницата во Гостивар

    Македонијапред 6 часа

    Епидемиологот Даниловски со објаснување за „мајмунските сипаници“-Симптоми, пренесување, заштита

    Гостиварпред 7 часа

    Лишено од слобода лице за напад врз сопругата во центарот на Гостивар

    Македонијапред 9 часа

    Викенд временска прогноза

    Македонијапред 18 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 21 час

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 23 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена