Поврзи се со нас

Вести Гостивар

Им се заканувал со пиштол на улица во Гостивар, доби кривична од полицијата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 70 годишен жител на гостиварско Форино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”.

МВР известува дека на 3 октомври годинава, околу 07.10 часот во кафетерија на улица „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, по претходна вербална расправија, пријавениот упатил закани кон три лица од Добридол, на возраст од 40, 27 и 49 години, при што извадил и пиштол, кој го носел со себе. При преглед над пријавениот полициски службеници пронашле и одзеле пиштол „Глок” и рамка со 13 куршуми калибар 9 мм.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!