Вести Гостивар
Има 106 години и вели дека тапаните и виното се тајната на долгиот живот

Легендарната тапанарка Виола Смит, која има 106 години тврди дека тајната на долгиот и среќен живот има едноставна формула: енергични тапани+умерено конзумирање на добро вино.
Родена е во Висконсин, Америка, како осмо од десет деца во семејството. Сите учеле да свират пијано, а Виола се фатила за тапаните. Нејзиниот татко основал оркестар сочинет од сите девојчиња во семејството, кој го нарекол Smith Sisters.
Оркестарот имал турнеја низ Америка и при еден настап талентираната тапанарка била забележана од продуценти на радио верзија на America’s Got Talent во 1938 година. Од тогаш нејзината кариера оди во нагорна линија. Заедно со сестра и` Милдред основала женски бенд под името The Coquettes, кој набргу станал високо ценет и популарен. Подоцна била дел од популарниот женски оркестар Hour of Charm, а настапувала и со National Orchestal Association.
Виола глумела и во неколку филмови, а кариерата ја одвела и до Бродвеј, каде била член на женскиот бенд Kit Kat Club и настапувала како тапанарка во мјузиклот Cabaret.
„Пред Втората светска војна постојеа предрасуди за жените кои се занимаваат со музика, кои потоа малку се разбија. Конечно музичарките станаа видливи и им беше пружена шанса да се изразат. Публиката и јавноста почнаа да ги доживуваат посериозно“, изјавила Смит, во едно од своите интервјуа.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 20 часа
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер