Гостивар
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
Акцијата за уредување на црквата „Св.Петка“ во атарот на гостиварско Галате викендов била прекината, откако на местото дошле полициски службеници. Од видео кое е споделувано на социјалните мрежи може да се види дека полицајци ги распрашуваат граѓаните кои учествуваат во работната акција, а тие реагираат дека им било речено дека узурпираат земјиште и дека ќе бидат приведени.
Приведувања сепак немало, а во полицискиот билтен денес немаше никаква информација за присуството на полициските службеници кај црквата.
За настанот единствено официјално до сега се произнесе Јавното обвинителство, во чие соопштение стои:
„Во однос на објавените невистинити информации кои се споделуваат на социјалните мрежи, а се преземени од повеќе медиуми и се однесуваат за настан во близина на верски објект во гостиварско, Основното јавно обвинителство Гостивар ја известува јавноста дека јавен обвинител нема издадено наредба за приведување или задржување на ниту едно лице. Основното јавно обвинителство Гостивар е известено дека МВР постапува во конкретниот случај по поднесена пријава од Општина Врапчиште за недозволено вршење градежни работи во непосредна близина на магистрален пат. Работите се прекинати, а по насоки на јавен обвинител денеска полициски екипи ќе извршат увид на лице место со цел да се утврди каков е статусот на објектот и работите кои се извршувале, како и дали во целиот настан воопшто има елементи на кривично дело.“
Група граѓани заедно со месното население викендов што измина започнаа со активности за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате. На терен се работело на расчитување на просторот околу храмот кој бил запуштен повеќе од 20 години, дислоцирање на диви депонии, чистење на вегетацијатa како и уредување на околниот терен.
Црквата „Св.Петка“ во гостиварско Галате е започната да се гради околу 1988 година, а била запалена и оставена после конфликтот во 2001-вата година.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба