Свет
Индија го нападна Пакистан на девет локации

Индиските вооружени сили синоќа извршија напади врз девет локации во Пакистан и во спорниот регион Џаму и Кашмир, што го администрира Исламабад, сопшти денеска индиската армија.
Индиската армија објави дека нападите во рамките на операцијата „Синдор“ биле „фокусирани, умерени и неескалирачки по природа“ и дека не биле насочени кон пакистанската армија.
„Нашата акција беше насочена, одмерена и не предизвикуваше ескалација. Ниту една пакистанска воена база не беше цел на напад. Индија покажа значителна воздржаност во изборот на цели и начинот на кој беше извршен нападот“, се наведува во соопштението објавено од Би-Би-Си.
Во него се додава дека нападот бил извршен по смртоносниот напад минатиот месец од страна на милитанти врз туристи во индискиот дел на Кашмир.
Објавено е и видео на кое се слушаат експлозии во пакистанскиот дел на Кашмир, во близина на градот Музафарабад. Западни медиуми јавија за повеќе силни експлозии на неколку локации во Пакистан и пакистански дел од Кашмир, а очевидци тврдат дека дошло до прекин на електричната енергија во Музафарабад.
Индиската армија, исто така, соопшти на X дека „правдата е задоволена, победа за Индија“.
Објавата беше придружена со хаштагот #PahalgamTerrorAttack, што се однесува на смртоносниот напад на милитантите минатиот месец во кој беа убиени 26 лица.
Веднаш по пријавувањето за нападот, индиската армија објави дека Пакистан испукал артилериски гранати врз областа Бхимбер Гали во регионот Пунч-Раџаури, која се наоѓа во индискиот дел на Кашмир, веднаш до линијата на разделување.
Портпаролот на пакистанската војска претходно изјави дека Исламабад „ќе одговори на овој напад во време и во област што самиот ќе ја избере“.
„Сите наши борбени авиони се во воздух. Ова е срамен и кукавички напад што е извршен од индискиот воздушен простор“, додаде портпаролот.
Портпаролот на пакистанската армија, Ахмед Шариф Чаудри, за локалната телевизиска станица Гео ТВ изјави дека во нападот загинале најмалку три лица, меѓу кои и едно дете. Според него, двајца цивили се убиени во областа Котли, додека едно дете починало во градот Ахмедпур Исток на југот од земјата. Во нападите се повредени уште најмалку 12 лица.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека воената операција на Индија против Пакистан е срамна.
Односите меѓу Индија и Пакистан нагло се влошија по смртоносниот напад на милитанти врз туристи во Кашмир минатиот месец. Индија го обвинува Пакистан за поддршка на прекуграничниот тероризам, што Исламабад го негира.
На 22 април, исламистички милитанти отворија оган врз туристи на индиската територија Џаму и Кашмир, при што загинаа најмалку 26 лица, а најмалку 17 беа повредени.
И Индија, каде што мнозинството жители се Хинду, и исламски Пакистан тврдат дека Кашмир е дел од нивната територија, при што секоја земја контролира само дел од планинскиот регион.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос