Вести
Индијците изградиja 75 километри автопат за 5 дена
Проектот, на кој работеа 1300 лица, започна на 3 јуни во 7:27 часот, а заврши на 7 јуни во 17 часот.

Работата која во некои земји трае неколку месеци, години, кај нас скоро и децении, Индијците ја направија за помалку од пет дена.
За само 105 часа и 33 минути изградија автопат долг 75 километри. Проектот, на кој беа вработени 1300 лица, започна на 3 јуни во 7:27 часот, а заврши на 7 јуни во 17 часот.
Неверојатниот успех веднаш беше запишан во Гинисовата книга на рекорди.
Министерот за транспорт и врски на Индија, Нитин Гадкари ги пофали сите инженери, изведувачи, консултанти и вработени во Националната управа за автопати на Индија.
- Со овој голем проект ги поврзуваме нашите градови Амравати и Акола, а новата делница ќе има значајна улога во олеснувањето на движењето на луѓето во овој дел на Индија – заклучи Гадкари.
Патот го изгради приватна компанија наречена „Рајпут Инфракон“, а целиот проект бил започнат од празен лист хартија.
Претходниот рекорд го држеше јавното претпријатие од Катар, Public Works Authority – ASHGHAL за 25 километри автопат, кој беше поставен на 27 февруари 2019 година за што им беа потребни десет дена.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022