Поврзи се со нас

Гостивар

Инфективно во Гостивар се полни – 19 пациенти се на лекување, 6 примаат кислород

Објавено

на

Со зголемувањето на бројот на нови случаи на коронавирус во регионот на Гостивар, расте и бројката на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, поради посериозна клиничка слика. За разлика од изминатиот период, кога на инфективното одделение се лекуваа максимум до 10 заболени, актуелно хоспитализирани се 19. Дали зголемувањето на бројката на заболени е резултат на циркулирање на британскиот и јужноафриканскиот сој на ковид, за сега не е утврдено.

„Моментално на инфективното одделение во Гостивар се лекуваат 19 пациенти од кои 6 добиваат кислородна поддршка. Утрово еден пациент почина. Имаме уште 5 слободни кревети и за сега успеваме да ги згрижиме сите пациенти кои имаат потреба. Доколку продолжи да се зголемува бројот, заболени ќе се хоспитализираат и во модуларната болница, која можам да кажам дека 90% е подготвена. Дали кај пациентите има од новите соеви на корона, јужноафрикански или британски, ние не можеме да кажеме“, информира д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективно во Гостивар.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, на гостиварското подрачје во првата недела од март потврдени се 116 нови позитивни на корона.

Од почетокот на пандемијата со ковид вкупно биле дијагностицирани 3.940 лица. За 172 болеста завшила со смртни последици, додека како оздравени се водат 3.568 граѓани. Моменталната бројка на активно заразени е 200.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена