Гостивар
Инфо од полицијата за вчерашниот инцидент во салата Младост во Гостивар

Секторот за внатрешни работи Тетово излезе со официјална информација за инцидентоо што се случи вчера во салата Младост во Гостивар. Во продолжение ја пренесуваме во целост:
„На 15.05.2022 во спортската сала „Младост“ за време на одигрување на кошаркарски натпревар помеѓу екипите на КК „Гостивар“ и КК „Пелистер“ од Битола бил нарушен јавниот ред и мир со фрлање предмети од публиката и од играчи, како и со физичка пресметка помеѓу членови на двете екипи. За време на натпреварот од публиката на источната трибина биле фрлени повеќе предмети на теренот и бил погоден тренерот на екипата на Пелистер М.И.(47) од Скопје, кој потоа ја скршил клупата за резервни играчи. Истовремено, настанала физичка пресметка помеѓу играчот на Пелистер, Б.С.(29) од Скопје и физиотерапевтот на КК „Гостивар“, В.Ѓ.(29) од Гостивар. После тоа, играчите од гостинската екипа Б.С.(29) и Д.Н.(28) фрлале предмети кон публиката, при што, според пријавеното, Б.С. го погодил гледачот Б.П. од Гостивар. Во врска со настанот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода В.Ѓ.(29) од Гостивар, Б.С.(29) од Скопје, М.И.(47) од Скопје и Д.Н.(28) од Битола и по целосно документирање на случајот ќе следат и соодветни поднесоци.“
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022