Поврзи се со нас

Гостивар

Инфо-сесии во Гостивар: Прашувајте ги институциите, должни се да дадат информации од јавен интерес

Објавено

на

Граѓанските организации, новинарите и граѓаните поактивно да го користат правото да бараат информации од институциите, а тие пак да го подигнат правото на пристап до информации од јавен карактер на повисоко ниво. Ова беше заклучокот од денешните инфо сесии која се одржа во Гостивар во организација на Асоцијација за демократски иницијативи АДИ, која заедно со Агенцијата  за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер го промовираа правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, пред младите гостиварци, претставници на граѓански организации, новинари и локални институции, преку две посебни информативни сесии.

На сесијата свое обраќање имаше директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер Пламенка Бојчева која истакна дека Агенцијата е единствен државен орган кој работи во сферата на заштита на правото на слободниот пристап до информациите од јавен карактер. Агенцијата, дава примери, апелира, повикува и ги поттикнува сите институции на централно и на локално ниво, да го подигнат правото на пристап до информации од јавен карактер на повисоко општествено ниво, преку зголемување и унапредување на проактивната транспарентност во рамките на сопствените институции.

Извршниот директор на Асоцијација за демократски иницијативи АДИ, Лулзим Хазири, ги повика граѓанските организации, новинарите и граѓаните поактивно да го користат правото да бараат информации од институциите. „Важно е граѓаните да имаат пристап до информациите и услугите што ги даваат институциите, да знаат како се трошат нивните пари, да следат дали тоа трошење е рационално, да можат да учествуваат во донесувањето одлуки и создавањето политики.“, истакна Хазири.

За време на сесиите беше претставен процесот на барање на информација од јавен карактер. Барателот на информацијата може да го поднесе барањето усно, писмено или електронски и приотоа да се произнесе за начинот на понатамошната комуникација со имателот на информацијата.Имателот на информацијата е должен во рок од 20 дена да одговори на поднесеното барање.

Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, претставува ефикасен механизам на контрола на јавниот сервис од страна на граѓаните, темел за доброто владеење, зголемување на транспарентноста на институциите и обезбедување значајно учество на граѓаните во јавниот живот.

Покрај Гостивар, во рамки на проектот за граѓанско учество на УСАИД, планирано е да се спроведат уште информативни сесии кои ќе бидат одржани во Куманово, Струга, Штип и Битола.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена