Гостивар
Инфо средба во Гостивар: Занаетчиите и малите бизниси во Полог многу малку ги користат државните субвениции

Неинформираноста е една од главните причини поради која занаетчиите и малите бизниси од Полошкиот регион речиси и да не користат субвенции од државните мерки за поддршка. Ова беше нагласено на денешната инфо средба меѓу министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, гостиварскиот в.д. градоначалник Ваљбон Лимани со претставници на занаетчиската комора, стопанственици и невладиниот сектор, која се одржа во Гостивар.
Целта беше да се бараат начини и модели, информациите и податоците околу мерките наменети за занаетчиите, навремено и подетално да стигнуваат до нив.
„Министерството има објавено јавни повици за финансиска поддршка на мали и средни претпријатија, како и на занаетчии, кои се во тек. Разочарувачки е фактот од податоците од минатата година дека во Полошки регион само 7% од нив аплицирале на јавните повици. Затоа сакаме да дадеме фокус на овој регион, со поголема информираност да им се даде шанса на овдешните занаетчии и мали бизниси да се пријават на огласите“, изјави министерот Дурмиши.
Претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији истакна дека сметководителите се тие кои треба да ги информираат клиентите за отворените јавни повици и потребната документација за палицирање.
„Повикот се објавува на веб страната на Министерството за економија и сметководителите треба да ги информираат своите клиенти бидејќи за тоа се платени. Секоја фирма не може да влезе во веб страната на Министерството за економија за да види кога е повикот и кои се потребните документи за аплицирање. Од нашата комора е лоцирана таа причина, проблемот е кај сметководителите, тие треба да го информираат секој бизнис што го водат за да може да аплицираат“, рече Фазлији.
Пред инфо сесијата, министерот беше во општина Гостивар на официјална средба со Лимани.
„Освен за активните јавни повици и потребата од информирање на нашите сограѓани, со министерот разговаравме и за наредните повици ко следуваат, како и за други можни проекти на општината со Министерството за економија и за сите планови кои ги има, сѐ со цел нашите граѓани и бизнис секторот да бидат подобро запознаени. Се надевам дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина“, кажа првиот човек на Гостивар.
На инфо сесијата беше истакнато и дека една од најболните точки на микро и малите бизниси е сивата економија, против која борбата мора да биде заедничка на надлежните и организациите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос