Поврзи се со нас

Македонија

Иницијатива: Името и делото на Мајка Тереза да се стават под заштита на државата

Објавено

на

Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје покренува иницијатива со која се бара да се стави под заштита на државата името и делото на Мајка Тереза со што сметаат ќе и се даде заслуженото место на нејзиното наследство во нашата колективна меморија.  

Директорот на Институтот Скендер Асани на денешната Свечена академија организирана од оваа институција по повод 111 години од раѓањето на Мајка Тереза истакна дека причините за оваа иницијатива подготвена во форма на елаборат насловен „Нашата светица под заштита на државата“ се многу, но издвои две од нив.  

-Кога личноста е прогласена за светица односот кон таа личност мора да биде правилен и во согласност со добро познатите норми предвидени за вакви случаи. Ние, како општество немаме многу искуство во негување на културата на колективниот прием на такви личности поради политичките и социјалните околности низ кои сме поминале, а сето тоа на неизбежен начин не охрабрува, да ја најдеме вистинската форма на институционална грижа.  Втората причина е тоа што недостатокот на културата на колективен прием влијаеше врз поединци и групи да си дадат право да ја толкуваат и искривуваат биографијата на Мајка Тереза според неодржливи критериуми предизвикувајќи непотребни поделби во општеството, вели проф. д-р Асани.

Според него, понекогаш не е доволно само да се почитува една личност. Доколку ги немаме потребните механизми преку кои би можеле да ја подигнеме на државно ниво грижата за истакнати личности како што е Мајка Тереза, тогаш почитта кон нив би била ограничена само на луѓе со добра волја што никако не е доволно.

-Едно општество ќе може да воспостави мостови на комуникација помеѓу своето минато, сегашност и иднина само преку односот што го градиме кон вредностите што се пренесуваат преку одредени личности. Нашата светица Мајка Тереза генерациите што доаѓаат не би ја запознале доволно и правилно ако денес не ја сместиме на заслуженото место во досиејата на колективната меморија, но ова може да се направи само доколку државните институции преку правни механизми го заштитат нејзиното име и работа и дадат подлабоко димензија на посветеноста на Мајка Тереза, вели Асани.

На свеченоста што се одржа на плоштадот „Македонија“ каде е положена спомен-плочата на темелите на куќата на Мајка Тереза се обрати и претседателот на Граѓанското здружение „Скопјанката Мајка Тереза“ Димче Петрушевски. Запрашан каков е ставот на Здружението во однос на оваа иницијатива, смета дека не е на одмет и оти ќе овозможи поголема грижа и истражување за оставината, наследството на Мајка Тереза.  

-Мајка Тереза е личност од глобален светски карактер, припаѓа на целиот свет, а нејзиниот дух живее. Таа е светица и со самото тоа е веќе заштитена. Таа е симбол на сиромашните и на бедните. Таа е светска икона, а ние како Здружение можеме само да ги поздравиме сите тие напори во смисла на ширење на љубов и истражување на нејзините дела, рече Петрушевски за МИА.  

Уметникот Живко Поповски – Цветин кој е меѓу најстарите членови на Здружението заедно со неговиот основач Стојан Тренчевски најави дека денеска симболично ова Здружение ќе го одбележи роденденот на Мајка Тереза со симболично пуштање на пет балони од кај спомен-куќата на Мајка Тереза со испишана лента со пораки за мир, љубов, хуманост и за помош на сиромашните и несаканите.  

Здружението на граѓани „Скопјанката Мајка тереза“ секоја година деновите од  26 август – раѓањето на Мајка Тереза до 5 септември – денот на нејзиното упокојување, ги одбележува како Денови на Мајка Тереза, а на 5 септември доделува статуетки со ликот на Мајка Тереза и посланија за хуманост.  

Елаборатот од страна на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците е доставен до повеќе институции во државата, како и до повеќе амбасади во земјава. Денешната свечена академија беше организарана од Одделот за наследство на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, во рамки на првото издание на културната манифестација „Светлото на Гонџе“ која се планира да стане традиционална. 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена