Поврзи се со нас

Гостивар

Иницијативата „Гостивар кој го сакам“ со петиција „Исчистете го Гостивар од кучиња бездомници“

Објавено

на

Претставници од граѓанската иницијатива „Гостивар кој го сакам” денес беа во посета на стационарот за бездомни кучиња, по што излегоа со соопштение дека ситуацијата е алармантна и засолништата се нефункционални.

„Засолништата се речиси празни, на кучињата не им е обезбедена ниту храна, а уште помалку медицинска нега или хигиенски услови. Ние како Иницијатива сме ангажирани да обезбедиме решенија со конкретни резултати што е можно поскоро. Нашата визија е поврзана со неопходноста од решавање на овој проблем, почнувајќи од акционен план за управување со бездомни кучиња, преадаптација на Центарот за хуман третман и ветеринарна медицинска нега. Не сме тука да судиме или да бараме одговорност од некого. Тука сме да бараме решенија. Не се согласуваме со сегашното раководство кога тие наведуваат дека е завршена голема работа и направени се многу инвестиции за надминување на проблемот, бидејќи реалноста на терен зборува поинаку. За да се создаде вистинска слика, Граѓанската иницијатива  „Гостивар што го сакаме“, ќе спроведе петиција со граѓаните на Гостивар, за да ги прашаме тие  дали се задоволни од моменталната состојба, и дали изразуваат подготвеност да придонесат за решавање на проблемот со бездомните кучиња.“, соопштија од Иницијативата и излегоа со акционен план од 5 точки за
идниот градоначалник и Совет на Гостивар. Во продолжение точките од акциониот план:

1) ТИМ: Тим за фаќање кучиња и за итна интервенција

2) ЗАСОЛНИШТА: Изградете засолниште за кучиња надвор од градот

3) СТЕРИЛИЗАЦИЈА: Стерилизација на сите кучиња бездомници во Гостивар

4) ЕУТАНИЗАЦИЈА: Итна еутанизација на агресивни кучиња скитници

5) ЧИСТЕЊЕ: Професионално управување со депонијата Русино и управување со отпад во градот за да се намали снабдувањето со храна за кучињата бездомници

 

 

 

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена