Поврзи се со нас

Македонија

Иницирана постапка за одземање лиценца за игри на среќа на две друштва

Објавено

на

    Министерството за финансии иницираше постапка до Владата за одземање лиценца за приредување игри на среќа на две друштва заради неисполнување на условите од издадената лиценца за приредување игри на среќа. Како што информира министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, кај двете друштва е констатирано дека не се платени давачки утврдени со Законот за игри на среќа и за забавните игри и Законот за данок на личен доход.

    -Министерството за финансии ја иницираше постапката откако од УЈП како надзорен орган на приредувањето на игри на среќа го доби записникот од извршената надворешна контрола над работењето на овие друштва, рече Димитриеска Кочоска на денешната прес – конференција.

    Нагласи дека првичното барање од Министерството за финансии за добивање на записникот до УЈП е доставено уште во јули 2023 година по што се направени неколку ургенции, а конечно е постапено од страна на Управата дури во јуни 2024 година, откако доаѓа новото раководство.

    -Согласно доставената документација од УЈП за извршената надворешна контрола е констатирано дека кај едно од друштвата за кое е иницирана постапка за одземање на лиценцата не се платени давачките во континуитет од јули 2022 година, посочи Димитриеска Кочоска.

    Како што прецизира, Министерството за финансии достави дописи до Финансиската полиција и до Одделението за организиран криминал при МВР за преземање активности за утврдување на фактичка состојба со цел да се утврди дали и во колкав обем има оштетување на буџетот.

    -Министерството за финансии до надлежните органи достави и барање за преиспитување на законитоста во постапувањето на приредувањето интернет игри на среќа во делот на исполнување на условите и поседување лиценца согласно Законот од страна на друштвата кои приредуваат интернет игри на среќа. Во тек се активности за утврдување на евентуални неправилности согласно издадените лиценци и кај другите приредувачи на игри на среќа и доколку се утврдат такви ќе бидат веднаш иницирани соодветни постапки, рече Димитриеска Кочоска.

    Во одговор на новинарско прашање рече дека не може да се направи точна проценка за штетата врз Буџетот, но додаде дека станува збор за голем износ. Дополнително ќе треба да се утврди дали двете друштва се поврзани со поранешни функционери. Едното, како што кажа, не е од Скопје.

    -Едното од друштвата е основано во 2022 година и од 2022 година до денес нема ниту еден денар платено каква било давачка кон буџетот и сето тоа е констатирано во записник од страна на УЈП. Дали има одредени оштетувања кон буџетот – има, затоа што има пред се давачки коишто согласно законот требало да ги плаќа, посочи Димитриеска Кочоска.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 5 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 8 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 9 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 13 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 14 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 16 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 18 часа

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 19 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 1 ден

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена