Поврзи се со нас

Гостивар

Иновантивен мобилен уред прецизно ќе ги детектира загадувачите во Гостивар

Објавено

на

Со специјален мобилен уред за мерење на загадувањето на воздухот во Гостивар прецизно ќе се одредува локацијата на загадувањето, при што ќе се собираат и складираат податоцте, за да може да се користат за преземање на мерки.

Уредот е развиен од компанијата „Информ“, преку Фондот за иновации, а вчера беше предаден на Општина Гостивар во склоп на одбележувањето на Денот на екологијата 21 Март.

„Уредот пружа детални информации за причината и количината на загадување, кои ќе им бидат од корист особено на властите и одговорните страни да воведат ефикасни регулации за животната средина, со цел намалување и елиминирање на штетните ефекти од загадувањето“, рече Сашо Рафајловски од компанијата.

Како што беше соопштено уредот се дава на употреба за одреден период на тестирање, а потоа ќе биде во сопственост на општината.

Во однос на мерењето на аерозагадувањето, во Гостивар има мрежа од 5 фиксни мерни станици на различни локации.

„Овој мобилен уред ќе помогне во добивање точни податоци, лоцирање на одредени загадувачи, затоа што до нас пристигнуваат такви реакции, забелешки од граѓаните. Како општина немаме ингеренции да преземаме мерки кон нив, но тие податоци потоа ќе можеме да го проследиме до Министерството за животна средина за да реагираат“, рече градоначалникот Арбен Таравари.

 

 

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена