Поврзи се со нас

Гостивар

Инспекциите „чешлаат“ фирми кои злоупотребиле државна помош – казни и враќање на парите

Објавено

на

Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведуваат контроли кај работодавачите на кои им била исплатена финансиска поддршка за исплата на плати, а  не ја префрлиле на сметката на работниците.

„Од почетокот на декември 2020, УЈП изврши 60 контроли кај работодавачи од дејностите подготовка на оброци и служење на храна, изградба на згради, копнен транспорт и цевоводен транспорт, објекти за сместување, производствена дејност, трговија на мало, туристички агенции, градежништво и сл. Механизмот на присилната наплата и контролниот механизам на УЈП како и координираните контроли со ДИТ и дојавата до други надлежни институции, се во насока на враќање на средствата од злоупотребата на државна помош и изрекување на казни за сторителите т.е. управителите за сторените злоупотреби.“, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Како критериум за вршење на контролите УЈП ги наведува: износот на добиена финансиска поддршка, бројот на вработени, обврзници кои немаат исплатено плата повеќе од еден месец и обврзници за кои се добиени пријави за неправилности во однос на исплата на плата.

Инспекторите контролирале и колку фирмите ги исполнувале условите за користење на финансиската помош. Кај 16 компании било констатирано дека не го исполнувале условот за добивање финансиска поддршка во однос на намалување на приходите за одредени месеци за кои е користена. Кај седум фирми било констатирано намалување на бројот на вработени, повеќе од она што било законски предвиено.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена