Поврзи се со нас

Гостивар

Инспекцијата затвори два локали во Гостивар во кои имало гости по 18 часот

Објавено

на

Вчера (20.12.2020) околу 19.15 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 50 годишниот Љ.Н. од Гостивар, затоа што неговиот угостителски објект бил отворен по 18 часот и во него престојувале неколку лица. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ (член 206 од Кривичниот законик). Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Во текот на вчерашниот ден околу 22.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 62 годишниот Џ.В. од Гостивар, затоа што неговиот угостителски објект на ул.„Илинденска“ во Гостивар, работел по дозволеното време и во него се наоѓале неколку лица. По документирање на случајот, против Џ.В. ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. И овој објект бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена