Поврзи се со нас

Македонија

Инспектори во контроли за пушење во затворени локали

Објавено

на

Над 200 инспекциски надзори направиле инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на изминатата недела, односно во период од 10 до 14 јануари на територија на целата држава, во согласност со надлежностите кои произлегуваат од Законот за заштита од пушење при што се издадени 56 прекршочни платни налози.

Како што информираа од ДПИ утврдени се неправилности, односно непочитување на член 2 и член 3 од Законот за заштита од пушењето. Според Законот, казната за правното лице е од 2.000 до 4.500 евра, за одговорното лице од 500 до 1.000 евра, а физичкото лице кое ќе биде фатено како пуши во затворен објект од 100 до 300 евра, во денарска противвредност.

-Државниот пазарен инспекторат постапува по над 80 закони и подзаконски акти и Одлуки донесени од страна на Владата, меѓу кои и Законот за заштита од пушењето. Заради зголемениот број на пријави од страна на граѓаните за пушење во јавните простории согласно член 2 од Законот за заштита од пушењето, напоменуваме дека согласно член 3 од истиот Закон, пушењето е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект (тераса, летна бавча и слично) па согласно тоа, Државниот пазарен инспекторат како и до сега така и од сега ќе продолжи со интензивни контроли врз субјектите со цел контрола врз почитувањето на законските одредби, порачуваат од ДПИ.

Напоменуваат дека казните се високи и затоа, како што велат, апелираат правните субјекти да го почитуваат Законот, а граѓаните да го искористат законското право и да поднесат пријава до Државниот пазарен инспекторат доколку забележат прекршување на законот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 5 дена

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена