Гостивар
Инспекторите на општина Гостивар не нашле неправилности кај фирмите со Б еколошка дозвола
Гостиварската локална власт подготвува Локален акциски план за животна средина, а во работната група се вклучени инспектори, експерти, претставници на невладиниот сектор. Документот ќе содржи конкретни мерки и активности за справување со загадувањето и другите еколошки проблеми.
„Се надевам дека акцискиот план ќе биде готов до средината на годината и ќе излеземе и ќе го презентираме пред јавноста и граѓаните. Нормално ќе ги повикаме сите граѓани кои сакаат да дадат свој придонес во подготвувањето на планот, да се вклучат. Во однос на загадениот воздух, нашите инспектори се активни на терен и во делот каде што Општина Гостивар има овластувања, не се регистрирани неправилности“, наведува градоначалникот Арбен Таравари.
Општината има ингеренции во контрола на фирмите кои поседуваат Б интегрирана еколошка дозвола. Државните инспектори пак претходно беа во контрола на фирми со А дозвола во Гостивар и исто така не констатираа неправилности.
Според официјалните мерења, од почетокот на 2019-та, во Гостивар среднодневната вредост на штетни ПМ10 честички веќе била надмината 30 дена, а дозволената граница е 35 во текот на целата година.
Во јануари граѓаните речиси секој ден дишеа загаден воздух. За среќа, состојбата во февруари е подобрена и деновиве не се измерени високи вредности на аерозагадување.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар