Поврзи се со нас

Гостивар

Институциите и организациите во Гостивар здружено против семејното насилство: Препознај, обрати се и стоп за домашното насилство!

Објавено

на

Унапредување на системот на заштита, пристапот до информации и директната помош и поддршка за жените жртви на семејно насилство-ова се целите на проектот „Препознај, обрати се и стоп за домашното насилство“, којшто се спроведува во Гостивар веќе неколку месеци. Во негови рамки формирано е мултисекторското тело со претставници од: Центарот за социјална работа, Судот, Здравствениот дом, локалната самоуправа, полиција, образовни институции и грѓански организации.

„Мултисекторското тело има за  цел да ја подобри соработката помеѓу институциите  даватели на услуги на жртви од семејно насилство и граѓанскиот сектор,  со цел да  се овозможи  координиран пристап и постапување на релевантните чинители против сите видови на родово базирано и семејно  насилство. Функционирањето на ова мултисекторско тело е од особено значење, бидејќи практиките покажуваат дека координираното делување на институциите со сигурност може да им помогне на жените жртви,  кои веќе се охрабриле да го пријават насилството и се одлучиле да ја напуштат насилната средина.“, подвлече Маја Христовска, од здружението Иницијатива за граѓански интеграции ИГИ Гостивар, кое го имплементира проектот со поддршка на ЕУ Механизмот за граѓанска отпорност.

Мултисекторското тело спроведува повеќе видови на активности: аналитичко – истражувачки преку анкети на населението со цел да се процени распространетоста и трендовите на сите форми на насилство опфатени со Истанбулската конвенција, потоа јавно застапување, превентивно и информативно – едукативни активности за жените и општата јавност, со посебен акцент на жени и девојки жртви на родово базирано насилство, превентивно – едукативни активности во образовни институции и работа со млади, како и јавни кампањи.

Во склоп на проектот воспоставена е и платформа Femini force, дигитален сервис кој им обезбедува соодветни услуги на жртвите од родово базирано и семејно насилство.

„Оваа активност се заснова на личен пристап кон жртвите и целата комуникација и портфолио за обезбедени услуги и побарана помош останува во доверба исклучиво помеѓу давателите на услуги и корисничката на услуги.  Дополнително, на платформата сите граѓани можат да најдат информации за законските можности за заштита од семејно насилство,како и информации и совети од финансиски и практични прашања и ризици од понатамошна виктимизација.“, вели Христовска.

Според официјалните податоци од институциите во 2021-ва година на подрачје на Гостивар евидентирани се 121 жртва на семејно насилство, од кои повеќето биле жени.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 20 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 42 минути

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена