Гостивар
Институциите во Гостивар дискутираа за состојбите во сообраќајот и безбедноста

Локалниот совет за превенција на Гостивар, во кој учествуваат претставници на институции со различни надлежности, денес одржа прва седница. Во средиштето на дискусиите се најдоа состојбите во сообраќајот, безбедноста на граѓаните, како и заштитата од пожари, особено во летниот период што е пред нас. Како што најавија од локалната самоуправа, за време на престојот на печалбарите, за да се растовари сообраќајот низ градските улици, дворовите на училиштата ќе бидат отворени за бесплатен паркинг.
„Во оваа прилика заедно со релевантни локални институции разговаравме за општинскиот аспект и сообраќајот за време на престојот на иселениците во татковината и противпожарната заштита во летниот период. Апелирав за време на престојот на нашите сонародници во татковината, институциите да бидат во нивна служба, граѓаните во тој период помалку да користат автомобили, а училишните дворови да се користат како јавни бесплатни паркинзи.“, истакна градоначалникот Арбен Таравари.
Локалниот совет за превенција се реализира преку проектот „Со локалните совети за превенција кон подобра соработка“, кој го спроведува Евротинк-Центарот за европска стратегија, поддржан од Амбасадата на САД во Скопје. Советот вклучува претставници од општината, полицијата, јавните претпријатија, противпожарната единица, Дирекцијата за заштита и спасување и др.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!