Поврзи се со нас

Вести

Институциите на готовс поради најавите за нови снежни врнежи и студено време

Објавено

на

Согласно најавите од метеоролозите за нови снежни врнежи во наредниот период, државниот комитет за управување со кризи одржа состанок и донесе повеќе препораки и заклучоци. На граѓаните им се препорачува да пријават на бесплатниот телефонски број 195 во Центарот за управување со кризи, доколку сметаат дека се загрозени или имаат сознанија дека други граѓани може да бидат загрозени од снежното време и ниските временски температури.

Главниот штаб, ќе биде во континуирано заседание и во  соработка со сите надлежни институции во текот на денешниот ден ќе направи прецизна процена на состојбите на терен, план за постапување и идентификација на итни потреби.

Од Министерството за внатрешни работи и ЈП „Македонија пат“ се бара да го зголемат бројот на дежурни служби и сообраќајни контроли и патроли, особено на повисоките места. Министерството за труд и социјала, во соработка со Црвениот крст е задолжено веднаш да ги преземе сите потребни активности за навремено и превентивно згрижување на сите бездомни лица, од целата територија на Република Македонија, како и навремено доставување на неопходни лекови или други медицински средства.

Министерството за здравство, во сите служби за итна медицинска помош треба да подготви план за постапување, во услови на постоење на снежно време и ниски температури, а во соработка со Агенцијата за лекови да се направи проценка за евентуална потреба од достава на лекови до граѓаните кои имаат таква потреба.

Градоначалниците се должни да ги стават на користење сите расположливи ресурси,  а доколку имаат потреба од дополнителна помош, да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување. Исто така, од локалните власти се бара да ги мобилизираат кризните штабови во нивните општини и во нив да ги вклучат локалните претставници од Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи.

Нови снежни врнежи се најавени за од понеделник, а температурите се очекува да се спуштат длабокот под нулата.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена