Гостивар
Интензивирани контроли за паркирањето и пешаците во Гостивар

Во рамките на континуирани активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје, вчера (21 септември) од 9 до 14 часот спроведена е акциска контрола на пешаци, во која вкупно биле откриени и санкционирани 39 прекршоци. Од нив 19 во Тетово и 20 во Гостивар. Сите пешаци небезбедно ги преминувале улиците надвор од обележани пешачки премини, соопшти СВР. При контролата, исто така, санкционирани се и 11 други видови прекршоци.
Напоредно со оваа, деновиве во Тетово и Гостивар се реализираат и засилени активности околу паркирањето, посебно на улиците кои водат кон училиштата, но и во централните градски подрачја. Погрешно паркираните возила и пред се оние кои го попречуваат нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, возила или пешаци, веднаш се санкционираат и подигнуваат од „пајак-службите“. Во наредниот период ваквите активности уште повеќе ќе се интензивираат, велат од полицијата. Само вчера (21 септември) во Тетово и Гостивар биле подигнати десетина погрешно паркирани возила.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја