Поврзи се со нас

Гостивар

Интензивна саботна акција во Гостивар: Откриени 60-тина сообраќајни прекршоци

Објавено

на

Саботниот ден полицијата во Гостивар го посветува на интензивни контроли во сообраќајот. Колку се возачите недисциплинирани докажува податокот дека за еден час биле откриени 60-тина прекршоци.

„Веќе две недели постапуваме на територијата на Скопје, но и на други градови. Бевме во Прилеп, Штип еве денес сме во Гостивар. Преземаме мерки да ги санкционираме сите прекршители на сообраќајните правила и прописи, се со цел да обезбедиме побезбедни улици. За еден час откако почна акцијата во Гостивар, имаме околу 60 санкционирани возачи, пред се‘ за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола, прекумерна брзина и др. МВР денес е цел ден во Гостивар, но овие контроли продолжуваат и во наредните денови“, изјави портпаролот на МВР Тони Анѓеловски.

Сообраќајните полицајци имаат задача да „ловат“ и моторциклисти, освен за прекршоците и за незаконско вградување уреди на моторите кои предизвикуваат бучава.

„Како МВР сме посветени особено на оние прекршоци кои се ризик за сообраќајни незгоди со потешки последици, но ги санциониаме и возачите на моторцикли кои со злоупотреби додаваат делови на своите моторцикли и создаваат бучава што ги вознемирува граѓаните во доцните вечерни часови.“, рече портпаролот.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена