Поврзи се со нас

Спорт

Интересна вест од Загреб, основан е КК Динамо

Објавено

на

Интересна вест доаѓа од Загреб. Кошаркарскиот клуб Рудеш од хрватскиот главен град доби ново име и тоа по примерот на актуелниот фудбалски шампион. Сепак, новоформираниот кошаркарски клуб Динамо, нема никаква административна врска со фудбалскиот клуб, меѓутоа хрватските медиуми наведуваат дека на почетокот ќе ја има поддршката од најтврдокорните навивачи на фудбалскиот клуб, популарните “Bad Blue Boys“, а и амблемот многу наликува на оној на фудбалскиот клуб.

Спортските медиуми пишуваат дека позади овој нов кошаркарски проект, стојат сериозни луѓе и дека еден од нив е прославениот кошаркарски тренер Невен Спахија, кој и го издаде соопштението за јавноста.

“Мојата работа е кошарката, а кошарката во Рудеш сега и во Динамо, се сфаќа сериозно. Едукација на тренерите и стручниот кадар, една е од моите основни и редовни задачи кои со радост ги извршувам. Многу сум горд што сум дел од амбициозна средина“, напиша Невен Спахија во соопштението за новиот кошаркарски клуб Динамо.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена