Свет
Интересни факти за 1 Мај – Хитлер го славел, Мусолини го забранил, Американците приказна за себе

Меѓународниот ден на трудот, Први Мај, денес е симбол на борбата за работнички права, но низ историјата е проследен со бројни контроверзии и необични факти.
Празникот се одбележува во чест на штрајкот во Чикаго од 1886 година, кога илјадници работници излегоа на улиците со барање за воведување на осумчасовен работен ден. Штрајкот заврши трагично со полициска интервенција, загинати и осудени учесници, меѓу кои неколку беа и погубени. Во знак на почит кон жртвите, Втората интернационала во 1889 година донесе одлука 1 Мај да се одбележува како ден на трудот во целиот свет.
Интересно е што првата капиталистичка држава која официјално го прифатила Први Мај како државен празник е Третиот рајх. Во 1933 година, само два месеца по доаѓањето на власт, Хитлеровата влада го прогласила 1 Мај за Ден на националниот труд. Организирањето на прослави било дозволено исклучиво од страна на државата, додека секое друго одбележување било забрането.
Од друга страна, фашистичкиот лидер Бенито Мусолини во Италија целосно го забранил празникот, прогласувајќи го 21 април – роденденот на античкиот Рим – за Ден на трудот. Сличен став имал и шпанскиот диктатор Франциско Франко, кој строго ги казнувал обидите за одбележување на 1 Мај.
Парадоксално, празникот кој потекнува од САД, не се слави на 1 Мај во таа земја. Американскиот Labor Day се одбележува секој прв понеделник во септември, почнувајќи од 1894 година. Наместо протести и маршеви, денот е познат по големите шопинг акции, при што трговците остваруваат значителен промет – веднаш по „црниот петок“.
Во современиот свет, одбележувањето на 1 Мај има различни форми. Во земјите од поранешниот источен блок, каде некогаш беше задолжителен празник со државни паради, денес ретко се организираат масовни работнички протести. Социолозите ова го објаснуваат со замор од децениско идеолошко нагласување на правата на работниците.
Од друга страна, во некои западноевропски земји се развил и “EuroMayDay” – алтернативно одбележување на празникот поддржано од феминистички и антикапиталистички движења. Нивната цел е борба против несигурната и прекарна работа, особено кај младите.
Во Франција, Први Мај е ден кога се подарува цвет од ѓурѓовден – обичај што датира од времето на кралот Шарл IX, кој како дете им поделил такво цвеќе на дамите во кралскиот двор.
Во Македонија, Први Мај е државен празник. До 2006 година, се славеше два дена – 1 и 2 мај, но од 2007 година официјално неработен е само првиот ден од мај.
Празникот на трудот останува силен потсетник на историјата на социјалните движења и важноста на борбата за достоинствени работни услови – и покрај тоа што неговото значење денес варира од земја до земја.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос