fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Интересни факти за 1 Мај – Хитлер го славел, Мусолини го забранил, Американците приказна за себе

Објавено

на

Први Мај, како Меѓународен ден на трудот во својата суштина ја има борбата за работнички права. За овој празник се врзани интересни факти кои ви ги пренесеуваме.

Првата капиталистичка држава кој почнала да го слави овој празник е хитлеровата Германија. Два месеци откако дошле на власт, во 1933 година, германските национал-социјалисти го прогласиле први мај за Ден на националниот труд и за државен празник. Единствено Владата имала право да организира прослава, а други настани за славење на празникот биле забранети.

Во Италија, Бенито Мусолини пак целосно забранил било какво прославување и одбележување на 1-ви Мај. За Ден на трудот во неговата дражава, Мусолини го прогласил датумот, 21-ви април, роденденот на Рим.
Шпанскиот диктатор, Франциско Франко во однос на 1-ви Мај бил дециден-секој што ќе се обидел да го слави празникот бил прогонуван од земјата.

Американците  Денот на трудот (Labor Day) го слават во првиот понеделник од месецот септември, а прв пат бил воспоставен во 1894 година. Вообичаена пракса на славење им е со шопинг, па се смета дека после „црниот петок“, трговците најголем промет имаат баш на Labor Day.

На источниот блок му е преку глава од работнички права. Работниците од бившите комунистички земји, немаат масовни протести и демонстрации, додека во капиталистичките таквите организирања се многу чести. Овој феномен тешко се објаснува, но се поврзува со заситеноста од повеќедецениското потенцирање на работничките права, за да на крај работниците се чувствуваат бедно, искористено и далеку посиромашни од нивните соборци од капиталистичкиот Запад.

Постои и “EuroMayDay” кој се слави исто така на 1 Мај во дел од западните земји на Европа. Го промовираат феминистички и антикапиталистички движења, пред се како ден кој се концентрира на борба против несигурноста.

Французите имаат обичај да подаруваат ѓурѓовденско цвеќе. Да, за Први Мај. А таа традиција потекнува од времето на кралот Шарл 9, кој во една прилика додека бил се уште дете, како престолонаследник им подарил по едно такво цвеќе на сите присутни дами во кралската сала.

Сподели:
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

анкета:

Како треба да се одвива наставата во училиштата?

Резултати од анкетата

Отворени огласи за вработување во полог:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Кошаркарски клуб Гостивар А.Д
- VILLA Group DOOEL
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Гостиварпред 2 часа

Детален преглед на барањата на средните училишта во Гостивар за начинот на одржување на наставата

Гостиварпред 2 часа

Детален преглед на барањата на основните училишта во Гостивар за начинот на одржување на настава

Гостиварпред 4 часа

МЖСПП: Постигнат договор за издавање на градежната дозвола за санација на Русино

Вестипред 5 часа

Американскиот инфектолог Ентони Фаучи кажа кога може да очекуваме стабилизирање на состојбата со COVID-19

Спортпред 6 часа

ФК Гостивар се пласира во 1/8 од Купот на Македонија

Гостиварпред 7 часа

Во регионот на Гостивар до сега потврдени вкупно 917 заразени со корона, изминатите два дена 10 нови случаи

Гостиварпред 15 часа

Изгласани замениците министри: Хасани за одбрана, Шабани за образование…

Гостиварпред 22 часа

Полицијата во Гостивар ќе контролира: До 2.000 евра казна за незаконско користење на светлосни и звучни уреди на возила

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!