Занимливости
Интересни факти за автомобилите
Автомобилите влегле во глобална употреба во 20-ти век, глобалниот напредок и развиените општества се зависни од нив. 1886-та година се смета за година на раѓање на автомобилот. Таа година германскиот пронаоѓач Карл Бенз го направил Benz Patent-Motorwagen.
Еден од првите автомобили кои биле достапни на широките народни маси бил Модел-Т од 1908 година, американски автомобил произведен од компанијата Форд.
За автомобилите има многу што да се каже и да се прочита. Секако може и многу да се пишува, но овој пат еве неколку интересни факти за нив да го освежите вашето знаење и да дознаете нешто што можеби не сте го знаеле.
1. Моментално во светот во оптег се околу милијарда автомобили, а нивниот број незапирливо расте од минута во минута.
2. Секој ден се произведуваат околу 165.000 автомобили.
3. Мирисот на нов автомобил се состои од преку 50 испарувачки органски соединенија.
4. Доколку би возеле со брзина од 95 km/h, би ви било потребно нешто помалку од 6 месеци, со автомобил, да стигнете до месечината.
5. Додека бил во затвор, Хитлер му пишувал на Мерцедес, молејќи да му се одобри заем автомобил.
6. Просечен автомобил има околу 30.000 делови. Авто делови.
7. 92% од сите нови автомобили продадени во Бразил користат етанол како гориво кое се добива од шеќерна трска.
8. 75% од автомобилите кои некогаш се произведени од Ролс Ројс сеуште се во оптек.
9. Компанијата Фолцваген ги поседува Бентли, Бугати, Ламбургини, Ауди, Дукати и Порше. (Да не ги споменуваме Шкода, Сеат, МАН, Сканиа)
10. Првата автомобилска несреќа се случила во 1891-ва година во Охајо.
11. Веројатноста да починете во сообраќајна несреќа е 1:5000.
12. Кога за првпат е представено автомобилското радио, некои држави сакале да забранат, бидејќи се сметало дека им го одвлекува вниманието на возачите.
13. Во Русија е кривично дело да возите валкан автомобил.
14. Во Туркменистан секој возач има право на 120 литри гориво месечно.
15. Во Лос Анџелес има повеќе автомобили одколку луѓе.
16. Пронаоѓачот на системот за контрола на брзината бил слеп.
17. Возилото со најголема километража некогаш помината поминало 4.586.630 километри.
18. Просечен Американец поминува околу 38 часа годично во сообраќаен метеж.
19. Хенри Форд 1941 година направил автомобил од соја.
20. Автомобилот е најрециклираниот производ на светот.
21. Најнискиот легален автомобил на светот е “висок“ само 48 сантиметри. Се вика Flatmobile.
22. Фолцвагеновите Пасат, Поло и Џета имињата ги добиле според имиња на ветрови.
23. 80% од автомобилите во Албаниа се Мерцедеси.
24. Во Јужноафричка Република, на БМВ автомобилите се монтираат фрлачи на пламен за заштита од честите кражби.
25. Луѓето постари од 75 години во Јапонија мора да имаат посебни налепници на задниот дел од своите автомобили.
26. Ферари секој ден произведува 14 автомобили. Тојота дневно произведува 13.000 автомобили.
27. Секој четврт автомобил во светот се произведува во Кина.
28. Ако далечинскиот од автомобилот го притиснете 256 пати, а автомобилот не ви е во близина, клучот ќе престане да работи.
29. Брисачот го измислила жена. Е сега, дали таа ги сместила до прекинувачот за трепкачи или тоа е машко шовинистичко масло, тоа не го знаеме.
30. Град со најмногу Ролс Ројс автомобили по глава на жител е Хонг Конг.
31. Најголема и најтешка лимузина на светот е “Полноќниот Јавач“ и тежи 23 тона. Може да прими до 40 лица.
32. Воздушните перничиња на секои 22 спасени животи, во просек одземаат еден.
33. 16% од сопствениците никогаш не го перат својот автомобил, а додека 2% тоа го прават секој ден. Не се знае кој е полуд.
34. Најголемата казна за пребрзо возење е изречена во Швајцарија и изнесува 1.000.000 дилари на возач кој возел преку 280 km/h. Во оваа земја висината на казните се одредува според тежината на прекршокот, но испоред висината на примањата на тој што е казнет.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар