Поврзи се со нас

Занимливости

Интересни факти за левичарите

Објавено

на

Левичарите сочинуваат 10-12% од популацијата. Некои сметаат дека да се биде левичар е привилегија, некои сметаат дека се попаметни бидејќи се левичари, а некои едноставно се соочуваат со потешкотии со оглед на тоа дека живееме во свет на десничари. Како и да е, еве неколку интересни факти за левичарите кои можеби не сте ги знаеле:

  • Некои од вашите омилени познати личности се левичари

Том Круз, Вупи Голдберг, Пол Мекартни, Опра Винфри, Џастин Бибер, Селин Дион, Џенифер Лоренс, Бред Пит и Анџелина Џоли се левучари. Мерлин Монро, Курт Кобејн и Џими Хендрикс исто така биле левичари. Можеби тоа е тајната за успехот.

  • Бебињата може да покажат знаци дека се левичари

Кога бебето лежи на стомак, ако ја сврти главата на лево значи дека е левичар, ако ја сврти на десно дека е десничар. Можеби е случајност, но со сигурност е тренд што се повторува.

  • На сите слики ѓаволот е претставен како левичар

Со оглед на тоа што црковниот благослов се прави со десна рака, логично е левата да му се припишува на ѓаволот. Латинискиот збор за лево е “sinister“ што значи злокобен, па можеби затоа во минатото децата биле присилувани да пишуваат со десна рака, иако биле левичари.

  • И вештерките исто така

Во историските текстови за вештерство во Европа, вештерките ја користеле левата рака за да фрлаат магии или клетви на другите. Наводно доволно било само да допрат некој со левата рака за да го проколнат. Можеби од тука потекнува лошата репутација на левичарите.

  • Левичарите можеби навистина се попаметни

Универзитетот Св. Лоренс спровел тестови за коефициентот на интелигенција кај левичари и десничари. Резултатите покажале дека повеќе левичари имале коефициент над 140. Покрај тоа, сетете се дека и Алберт Ајнштајн, Чарлс Дарвин, Бенџамин Френклин и Исак Њутон биле левучари.

  • Левичарите пијат повеќе алкохол

Една анкета на повеќе од 25 илјади луѓе од 12 земји покажала дека левичарите пијат почесто отколку десничарите. За среќа, нема никакви индикации дека повеќе го злоупотребуваат алкохолот.

  • Левичарите се уметнички души

Анкета на повеќе од 2 илјади левичари покажала дека поголемиот дел од нив преферираат кариери во областа на уметноста и музиката

  • Левичарите имаат поголем ризик за ментално пореметување

Левата хемисфера од мозкот ја користат и левичарите и десничарите. Но, 30% од левичарите повеќе ја користат десната хемисфера, и како резулатат на тоа имаат поголем ризик за развој на шизофренија, дислексија или АДХД.

  • 13 август е светски ден на левичарите

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена